Без струја денеска и утре повеќе делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови од Куманово и околината денеска и утре привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 09:30 до 11:30 часот прекини ќе има на улиците „Христијан Карпош“, „Гоце Делчев“, „Пролетерски бригади“, „Борко Танев“, „Киро Фетарк“, ООУ „Бајрам Шабани“.

Прекини во истиот период ќе има и на улицата „Карл Маркс“, булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ (околу бензинска станица Лукоил), и улицата „Шарпланинска“.

Утре во период од 08:00 до 13:00 часот денеска прекини ќе има на улицата „100“ во населбата Карпош, поточно од паркинг плацот на „Штуз“ до паркинг плацот на „Јоцо Турс“ и улицата „210“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Биенална изложба на цртежи „Скици 2025“ во Кунаново

Прекини во период од 08:30 до 14:30 часот утре ќе има и на улицата „Ѓорче Петров“ околу компанијата „Екстра Меин“ и улицата „Веселин маслеша“.

Без струја во период од 08:30 до 15:00 часот утре ќе биде училиштето „Киро Бурназ“, како и дел од улицата „Никола Тесла“ од исклучувањето за село Речица до исклучување за бензинската пумпа „Детоил“.

Нема појаснување за причината за исклучувањето, но се претпоставува дека станува збор за интервенција во дистрибутивната мрежа на ЕВН.

Никола Ивановски