Повеќе делови на Куманово, Старо Нагоричане и Липково во текот на денот привремено ќе бидат без снабдување со електрична енергија.
СТАРО НАГОРИЧАНЕ
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без електрична енергија во овој момент во кумановско се селата Жегљане, Степанце, Малотино, Кокино, Арнабашко, Буковљане, Цветишница, Драгоманце, Пелинце, Никуљане, Алгуња, Враготурце и Челопек.
Во период од 09:00 до 09:30 часот на територијата на општината Старо Нагоричане без струја ќе бидат локациите Ендокана, Еврос Комерц и Беле Грамаде.
КУМАНОВО
Во период од 09:00 до 12:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“.
Од 07:55 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат селото Романовце, наплатна рампа Романовце, бензинската пумпа кај наплатна рампа, Имери Млин, Базна станица на А1 во Романовце.
Во период д 08;00 до 14:00 ласот прекини ќе има кај корисниците од улицата „Никола Тесла“, како и улиците „1“, „2“, „3“, „4“, во Горно Којнаре, фирмата Златен клас, Горно Којнаре и селото Четирце.
Прекини ќе има и во селата Брзак и Агино село и тоа во период од 07:55 до 14:30 часот.
ЛИПКОВО
Прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени и за територијата на селото Липково. Така во период од 09:35 до 13:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат селото Слупчане, Пумпи за вода, Опае, Станица за технички преглед, „Југо Фер“,Фарма Слупчане, Магацин „Макпетрол“, селата Ваксинце, Оризаре, Алешевце, Руница, Извор и караулата Белановце.
ПРЕКИНИ ЗА УТРЕ
Во текот на утрешниот ден во период од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и корисницитеод Индустриска зона, Отпад Манто, Железника станица, Електро Метал, викендици, филтер станица, бензинска станица „Лук Оил“, како и улиците „Ибе Паликуќа“, „Јован Поповиќ“, и дел од улицата „Тоде Мендол, бензинска пумпа Трго Тим, Кока, Здружение на возачи, Силоси, Југо Суровина, село Черкезе, Касарна „Боро Менков“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски