Без струја денеска и утре овие делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово и околината денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Денеска во период од 12:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај корисниците од улиците: „Христијан Тодоровски Карпош“, „Вера Цири Вири“, „Сава Квачевиќ“, „Раде Кончар“, „Дојранска“, „Киро Фетак“, „Ристовац“ ,„1-виМај“ и булеварот „3-та Македонска Ударна Бригада“.

Делови од „Трета МУБ“, поточно кај новиот кружен тек, ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 11:00 часот.

Утре прекини во период од 09:00 до 11:00 часот ќе има кај корисниците од населбата Средорек, улицата „Доне Божинов“ месноста Прмакови ниви во населбата Карпош, како и м.в. Стари Лозја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен дилер од Куманово, кој крадел и струја

Во период од 12:05 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат улиците „Никола Тесла“, „Гиго Цветковски“, „ Јоско Илиевски“ и дел околу поранешна Циглана.

Во период од 08:30 до 14:00 часот утре прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во населбата Тромеѓа.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН, поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Loading...