Без струја денеска и утре низа локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поголем дел од Куманово денеска и утре привремено ќе биде без електрична енергија поради најавени прекини од ЕВН Македонија.

Во период од 08:30 до 12:30 часот денеска без електрична енергија ќе останат користниците од населбата Бедиње во Куманово.

Во истиот период прекини ќе има кај дел од објектите лоцирани во дворот на поранешната касарна „Христијан Карпош“.

Од 08:30 до 12:30 часот во вторник без струја ќе бидат и корисниците од улицата „11ти Ноември“.

Прекините продолжуваат и утре.

Така во период од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците  „Сава Ковачевиќ“, „Милан Лисица“, Крушевска Република“ и „Осоговска“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 19-годишник од липковско, возел без да има положено

Во истиот период без напојување со електрична енергија ќе останат и објектите на улиците „Боро Прцан“ и „Србо Томовиќ“ кај училиштето „Толи Зордумис“.

Никола Ивановски