Без струја денеска и утре низа кумановски села

Сподели со своите пријатели

Низа кумановски села денеска и утре ќе останат без електрична енергија во одредени делови од денот.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 08:00 до 14:30 часот денеска без струја ќе бидат селата Клечовце, Новосељане, Макреш, Пезово, Кокошиње, Скачковце, Градиште, Кшање, Кутлибег и Зубовце.

И утре ќе има прекини на електричната енергија и тоа во селата Бајловце: дел од село Макреш, Канарево, Цвиланце, Аљинце, Бајловце, Жељувино, Дренк и Војник (Оранжерии). Во овие села прекинот ќе трае од 11:30 до 12:30 часот.

Станува збор за најавени прекини, поради инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

Никола Ивановски

Leave a Reply