Делови од Куманово и Младо Нагоричане денеска и утре привремено ќе останат без електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:10 до 14:00 часот прекини ќе има во селото Младо Нагоричане.
Прекините се однесуваат на маалата Вуевци и Смилчинци, како и базната станица на операторот А1.
Утре во период од 08:30 до 13:45 часот прекини ќе има на улиците „Франц Розман“ и „Есперанто“ во Куманово.
Вио период од 08:45 до 12:45 утре без напојување со електрична енергија ќе останат жителите на улиците „Вук Караџиќ“ и „Орце Николов“.
Никола Ивановски

