Делови од Куманово денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Денеска во период од 07:30 до 10:30 часот прекини ќе има на улиците „Бошко Буха“, „Милан Зечар“, дел од улицата „Народна револуција“, улиците „Бајрам Шабани“ и „Прозорска“, како и ОСТУ „Наце Буѓони“.
Утре во период од 08:30 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „АВНОЈ“ и дел од „Тоде Думба“.
Во период од 08:30 до 11:30 часот утре прекини ќе има и во населбата Карпош, поточно околу бензинската станица „Сателит“.
Од 12:00 до 14:00 часот утре без струја ќе биде исто така дел од населбата Карпош, поточно делот околу гробиштата, улиците „100“, од улица „160“ до „210“, како и дел од индустриските комплекси околу „Термалифт“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски