Без струја денеска дел од булеварот „Октомвриска револуција“

Сподели со своите пријатели

Дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово денеска привремено ќе биде без електрична енергија во текот на денот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до 12:00 часот без напјување ќе бидат објектите околу „Казино Вин“, „Техно Маркет“ и маркетот „Кипер“.

Во истиот период прекини ќе има и кај корисниците кои се водат на адресата „Октомвриска револуција“ број 22.

Станува збор за планирани прекини од ЕВН Македонија.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јоана Сарафимовска нов директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“