Без струја денес и утре неколку локации низ градот

Сподели со своите пријатели

Во период од 08:30 до 15:00 часот во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе останат селото Долно Којнаер и Земјоделското училиште „Киро Бурназ“.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, утре без струја ќе бидат жителите на улица „Никола Тесла“ во период од 11 до 13 часот, додека селата Лукаре и Гошинце во липковскиот крај ќе немаат струја од 08:30 до 15:00 часот.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

Leave a Reply