Без проблеми тече избирачкиот ден во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мирно и без никакви проблеми  минува изборниот ден во Куманово, изјави претседателката на Општинската изборна комисија Кристина Цветковска.

– Општинската изборна комисија Куманово ги отвори своите гласачки места точно во 7 часот, засега немаме пријавено никакви проблеми, се тече без проблеми. Очекуваме да се заврши во 19 часот без проблеми, изјави таа.

 

 

Три избирачки места во рурални средини, каде има многу мал број гласачи, се укинати поради непостоење услови за спроведување на изборниот ден.

Како што додаде Цветковска гласачите од тие места гласаат на најблиското гласачко место.

Во меѓувреме од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека добиле една пријава за фотографирање на гласачко ливче, но не утврдиле прекршок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири пријави за нарушувања на изборниот молк во СВР Куманово

– Пријавено е дека на гласчко место во основното училиште „Наим Фрашери“ лице го фотографирало гласачкото ливче, но по преземени мерки констатирано е дека во неговиот телефон нема фотографија од гласачкото ливче, велат од полицијата.

Никола Ивановски