Без проблеми мина првиот ден од екстерното тестирање за за 1410 ученици во завршните години од средното образование во Куманово. Само двајца ученици не биле екстерно проверени поради нивно отстуство.
Сите тестирања започнале навремено точно во 09:30 часот. Во Средното општинско училиште „Перо Наков“ биле тестирани вкупно 280 ученици.
Денеска во СОУ „Перо Наков“ се изведува екстерното тестирање, засега се поминува во најдобар ред од техничка страна и во однос на кадровската екипираност со тестатори, резервни тестатори. Се тестираа вкупно 126 ученици на македонски наставен јазик и 154 на албански наставен јазик во термини кои што се предвидени односно дадени од ДИЦ – изјави Лидија Тасевска, директор на СОУ „Перо Наков“.
Без проблеми во три термини се одвиваше екстерната проверка на матурантите во техничкото училиште „Наце Буѓони“, каде беа тестирани 203 ученици на македонски и 276 ученици на албански наставен јазик.


