Без осуда за Русија: ОН ги изостави зборовите „војна“ и „инвазија“ во првата официјална изјава

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации ја објави својата прва изјава за војната во Украина, но се воздржа од употреба на зборовите „војна“, „конфликт“ или „инвазија“.

Loading...

Наместо тоа, изјавата „изразува длабока загриженост за одржувањето на мирот и безбедноста во Украина“ и изразува „силна поддршка“ за генералниот секретар Антонио Гутереш во барањето мирно решение за „спорот“.

„Советот потсетува дека сите земји-членки, согласно Повелбата на ОН, ја презедоа обврската своите меѓународни спорови да ги решаваат по мирен пат“, се наведува.

 

Северна Кореја истрела балистичка ракета

 

Имајќи право на вето во Советот за безбедност, Русија ги спречи сите досегашни можности да донесе изјава за Украина.

Амбасадорот на Мексико во ОН, чија земја помогна во изготвувањето на изјавата, беше прашан за критиките дека биле потребни два месеци за да се подготви изјавата и дека изјавата го поддржува само генералниот секретар на ОН.

Loading...

 

САД испраќаат воена помош од 150 милиони долари за Украина

 

Хуна Рамон де ла Фуенте изјави за АП дека мора да започне од некаде и дека тоа е „првиот почетен чекор, но чекор во вистинската насока“.