„Без нас“ – нов музички проект на кумановскиот бенд „Солушн“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот бенд Солушн ја претстави својата нова песна со наслов „Без нас“, со која продолжува да ја гради својата препознатлива музичка приказна на домашната сцена.

Текстот за песната го потпишуваат Ивана Стојановска и Силјан Пановски, додека музиката и аранжманот се заедничко дело на бендот The Solution и Силјан Пановски.

„Без нас“ носи силна емоционална порака, надополнета со модерен звук и автентичен израз, карактеристичен за кумановскиот состав.

Песната е снимена, миксана и мастеризирана од Дамир Пух во GreenRoom Sound Studio, што ѝ дава професионален и чист продукциски квалитет.

Видеоспотот за „Без нас“ е реализиран во режија и монтажа на Никола Стојковски и Емил Пачковски, додека зад камерата стојат Александар Ѓелевски и Емил Пачковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пијан возач од Куманово удрил во три паркирани возила

Продукцијата на видеото е во целост на бендот The Solution, што уште еднаш ја потврдува нивната целосна вклученост во креативниот процес.

Со „Без нас“, Солушн испраќа нов музички чекор и најавува понатамошни активности, останувајќи верни на својот стил и на емоцијата која директно комуницира со публиката.

Како звучи најновата песна на милениците на кумановската публика слушнете во продолжение:

 

Никола Ивановски