Неколку улици во градот утринава останаа без електрична енергија, а станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија, информираат од компанијата.
Во период од 6:15 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат уживелите од улиците „Бајрам Шабани“, „Д.Карамфиловски“. „Д.Х.Димов“, и „Максим Горки“. Од 11,00 до 14,00 исклучени ќе бидат граѓаните од „Бајрам Шабани“, „Есперанто“, „Франц Рузман“, „С.Вајнер“, „Пчински пат“ и „М. Горки“.
Причина за прекид во електродистрибуцијата е интервенција на екипи на ЕВН Македонија во самата дистрибутивна мрежа со цел подобрување на услугата на корисниците.