Во период од 09:30 до 15:30 часот во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе останат селата Гошинце и Лукаре додека во период од 09:00 до 15:00 без напојување ќе останат селата Пчиња, Винце, Вак’в и Студена Бара, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа со цел подобрување на услугата кон корисниците.

