Во период од 08:00 до 15:00 часот денес без електрична енергија ќе останат улиците „Ибе Паликуќа“, како и дел од улицата „Скопска“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа со цел подобрување на услугата кој корисниците.
Во овој момент нема регистрирано други прекини во електричната мрежа во градот, велат од ЕВН Македонија.
