Корисничка на TikTok со прекар Lalaleluu сподели трик за брзо отстранување на лежите, а неколку илјади луѓе го коментираа нејзиниот пост велејќи дека го испробале трикот и навистина функционира.
Контактните леќи се едноставно решение за луѓето кои не сакаат да носат очила, но вметнувањето и отстранувањето на нив може да биде вистински кошмар.
Но, само едно вирално видео ги реши тие проблеми, пишува TipsandTricks.
Видеото, кое го погледнаа милиони корисници, го објави на ТикТок @Lalaleluu.
Има многу објави во кои зборува за секојдневниот живот, а меѓу нив се издвојува ова видео во кое објаснува како лесно да ја отстраните контактната леќа, без потреба да го допирате окото со прстите.
Таа вели дека е важно да се погледне на страна, а не нагоре.
„Погледнете на страна и трепкајте, и леќата ќе испадне сама“,вели Лалалелу, покажувајќи како го прави тоа.
Меѓу коментарите, многумина посочуваат како таа им го спасила животот.
– Го испробав твојот трик и навистина функционира. Ти благодарам! – пишува воодушевен корисник.
„Претходно, буквално морав да ги стиснам очите со прстите додека ги вадев леќите со долгите нокти, но ова е толку лесно“, додаде друг.
@lalaleluuReply to @sofs.psyche Hope this tutorial was understandable 🥸