Сексуалните работници во Холандија повторно ги угостија своите клиенти, откако земјата ги опушти мерките против ширењето на коронавирусот. Сепак, некои мерки се задржани – нема бакнежи и длабоки воздишки, пренесува Ројтерс.
Еротските танчери и проститутките го загубија својот главен извор на приход откако беа воведени мерките пред три и пол месеци, и се изненадија кога холандската влада го премести датумот за да можат да започнат со работа од 1 септември на 1 јули.
Градските власти во Амстердам сакаат да го „исчистат“ градот од секс и дрога
Областа со црвени фенери во Амстердам, каде илјадници туристи секојдневно посетуваат продавници за секс, еротски танчерки и проститутки, е напуштена уште од воведувањето на мерките.
Синдикатот на окрузите на црвените фенери се залагаше за отворање што е можно поскоро, изјавувајќи дека причината е тоа што сексуалните работници сепак треба да плаќаат кирија за своите локали, а за да преживеат, тие треба да работат илегално.
Амстердам размислува да ја забрани марихуаната за туристите
„Не можам да дочекам да започнам со работа. Се надевам на добар ден“, рече Моира Мона, 29-годишна сексуална работничка која работи во клуб.