Бесплатниот автобуски превоз во Куманово продолжен до крајот на годината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово на вчерашната втора седница донесе одлука за продолжување на мерката за субвенциониран лински автобуски превоз.

Мерката ќе продолжи до крајот на декември 2025 година, за што од буџетот ќе бидат издвоени 6,5 милиони денари од општинскиот буџет.

Како што рече Лидија Ланг Спасовска, раководител на Сектор за комунални дејности, ова е трета година како се спроведува овој проект.

– Општински линиски превоз на територија на Општина Куманово се одвива преку 26 линии. Методологија за пресметка е 50 денари по изминат километар, секоја линија има возен ред, има број на поаѓања, секоја линија има утврдено точна километража така да прецизно е пресметано по број на поаѓање односно утврдениот возен ред којшто го потпишува градоначалникот. Кога ќе се помножат изминати километри по релација и по број на поаѓање се доаѓа до цифра од 6,5 милиони денари за месец декември како и 650.000 мислам за овој меѓуопштински превоз помеѓу Куманово и Старо Нагоричане, појасни Ланг Спасовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец во Хрватска обвинет за силување проститутка од Венецуела

 

 

Одлуката беше донесена од мнозинството советници, односно 18 гласови „за“ и 10 „против“.

На прашањето на советникот Виторио Зафировски, зошто општината со тие пари не набави сопствени електрични автобуси, раководителката појасни дека тоа е комплициран и финансиски голем предизвик за општината.

– Многу е тешко да формирате јавно претпријатие за превоз знаејќи колку всушност е тешко да се обезбеди прво кадар којшто ќе вози општински линиски превоз. Нашите плати се многу помали од онаа што тие во моментот ги добиваат така да за ова треба целосна анализа и студија и да се пристапи кон едно такво решение и нормално многу голема количина средства, појасни Ланг Спасовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Томиќ: Подготвени сме за зимското одржување на улиците (ВИДЕО)

Инаку, како што додаде таа, општината аплицирала за набавка на 25 електрични автобуси преку повик на Владата.

Никола Ивановски