Бесплатни ПЦР тестови за странските туристи во Македонија

Сподели со своите пријатели

На вчерашнатаседница Владата го усвои Протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за туристи странски државјани со регулиран престој во земјата.

Протоколот, како што појаснуваат од Владата, е предвиден како мерка од шестиот пакет за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

Мерката предвидува бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР тест за влез во земјата каде се враќаат.

Никола Ивановски

Leave a Reply