Во Виена, за да се поттикне што поголема вакцинација на населението, постојано се работи на проширување на мрежата на пунктови за вакцинација против коронавирус, а сега во неа е вклучен и бордел.
Борделот „Фанпаласт“ најави започнување на кампањата „Бордел вакцини“.
Од 1 ноември во познатиот виенски бордел сите заинтересирани ќе можат да се вакцинираат против корона вирусот.
– Ова е дефинитивно најатрактивната варијанта. Како што е обичај во бордел, секој може да дојде без закажување, и да ја земе вакцината – изјави менаџерот на борделот Питер Ласкарис.
За да ја добијат втората доза, „Фанпаласт“ на луѓето кои ќе одлучат да ја примат во тој бордел им се дава бесплатен влез.
Ласкарис вели дека гостите во борделот, кои се во брак или во врска, сега можат да кажат „драга, денеска бев вакциниран кај споменикот на „Густав Климт“ (се наоѓа пред зградата).
Провокативно облечена медицинска сестра ве носи до местото на вакцинација.
Погледнете подолу за повеќе детали: