Беснеат пожари во Грција во областа Еврос

Сподели со своите пријатели

Во Грција беснеат пожари во регионот на Еврос на северот од земјата, а особено голем пожар има во близина на шумата во Дадија кој се уште не е ставен под контрола.

Loading...

Во неделата попладне беше наредена евакуација за Лефкимија и Каситери.

Во Лефкимија пожарот се приближил до првите куќи, но бил спречен од пожарникари и доброволци.

Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот во близина на шумата во Дадија за да не се прошири во шумата.

Министрите денеска ќе ги посетат погодените подрачја на Еврос, а од денеска ќе започне и поднесување барања за парична помош за граѓаните кои претрпеа штети во пожарите, соопшти ЕРТ.

Портпаролот на противпожарната бригада Јанис Артопиос изјави дека е отворена истрага за можноста пожарите во областа Еврос да се подметнати.