Бесант: Приходите од царините на Трамп до 500 милијарди долари годишно

Сподели со своите пријатели

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави дека приходите од царините, кои постепено ги воведува претседателот на земјата, Доналд Трамп, би можеле да достигнат 500 милијарди долари годишно.

Loading...

Вчера, на состанокот на кабинетот во Белата куќа, Бесант рече дека неговата претходна проценка од 300 милијарди долари годишен приход е прениска, објави Ројтерс.

„Имавме значителен скок од јули до август и мислам дека ќе видиме уште поголем скок од август до септември. Оваа администрација забележа значително намалување на буџетскиот дефицит“, рече тој.

Приходите од царините би го компензирале зголемувањето на буџетскиот дефицит предизвикано од намалувањето на даноците и законот за трошење, кој републиканците го усвоија оваа година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ја казни Индија за трговијата со Русија

Бесент изјави во понеделник дека американската влада собрала 29,6 милијарди долари од царинење во текот на август.

Тој додаде дека Канцеларијата за буџет на Конгресот (CBO) ја ревидирала проценката за федералните приходи од царините на Трамп и предвидела дека тие би можеле значително да го намалат буџетскиот дефицит.