Берлин најавува воена помош за Киев од 1,3 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Германија ќе ја поддржи Украина со уште еден пакет воена помош вреден 1,3 милијарди евра, кој ќе вклучува четири дополнителни системи за воздушна одбрана ИРИС-Т, изјави во Киев германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Loading...

„Пакетот за поддршка ќе содржи и 20.000 артилериски гранати од калибар 155 милиметри, како и противтенковски мини“, рекол Писториус на средбата со неговиот украински колега Рустем Умеров, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

„Колку што е потребно“

Досега Берлин се обврза да испорача осум системи IRIS-T во Киев, од кои три се веќе испорачани.

Германија е вториот најголем снабдувач на воена помош за Киев, по САД.

Канцеларот Олаф Шолц минатиот месец вети дека Германија ќе продолжи да обезбедува помош за Киев, инсистирајќи дека ќе ја поддржува Украина се додека е потребно.