Бербок пред посетата на Пекинг: Кинеската помош за Русија е директна закана за Европа

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја обвини Кина дека ѝ дава оружје на Русија за војната против Украина и дека го загрозува мирот во Европа и во индо-пацифичкиот регион.

Loading...

„Наместо да преземе одговорност за мирот и безбедноста во светот како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина се спротивставува на нашите суштински европски интереси со својата економска и вооружена помош за Русија“, рече Бербок во изјавата пред нејзината посета на Пекинг.

Бербок истакна дека „бруталната агресивна војна на Путин против Украина претставува директна закана“ за мирот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг: Украина да се согласи на привремени отстапки на територијата на Русија

Таа изјави дека во Пекинг ќе зборува за тоа дека Германија не може едноставно да го игнорира во односите со Кина.

„Ако Северна Кореја испрати војници и оружје против Украина, додека Русија ја поддржува нуклеарната програма на Пјонгјанг, тогаш тоа го загрозува мирот и овде и во индо-пацифичкиот регион“, рече Баербок.

Баербок, исто така, рече дека како најголема економија во Европа, Германија се залага за своите интереси на ист начин како што Кина ги брани своите.

„Во економската, климатската и безбедносната политика важи следново: соработка каде што е можно, независност каде што е потребно“, рече шефот на германската дипломатија и додаде дека Германија нема да ја сврти главата кога другите ги прекршуваат меѓународните правила на штета на нејзината и европската индустрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД, Франција, Германија и Велика Британија повикаа на смирување на тензиите во Сирија

Баербок оваа недела ќе отпатува за Кина, каде што ќе се сретне со нејзиниот кинески колега Ванг Ји за да разговараат за голем број прашања, вклучително и за војната во Украина, пренесува Aljazeera.

Loading...