Бербок: Кредибилитетот на ЕУ е доведен во прашање поради корупцијата во ЕП

Сподели со своите пријатели

Кредибилитетот на Европската унија е доведен во прашање во случајот со наводната корупција во Европскиот парламент, предупреди денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Loading...

Таа најави дека овој, како што го нарече „неверојатен инцидент“, мора целосно да се „разјасни со целосна примена на законот“.

– Станува збор за кредибилитетот на Европската унија, така што има последици во различни области – изјави Бербок за новинарите по пристигнувањето на министерскиот состанок на ЕУ во Брисел.

Белгиското обвинителство покрена обвинение против четири лица под сомнение дека примале пари и подароци за да влијаат врз одлуките на Европскиот парламент во корист на една земја од Персискиот залив.

Во меѓувреме, Европскиот парламент објави дека се суспендирани овластувањата и должностите на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, пренесе Ројтерс.

Според британската агенција, обвинителите претресле 16 куќи и конфискувале 600.000 евра во рамките на истрагата во Брисел на 9 декември.

Оттогаш четири лица се обвинети, двајца се ослободени, објави обвинителството на 11 декември, без да ги именува тие лица.