Бербок: Германија треба повнимателно да соработува со Кина

Сподели со своите пријатели

Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека земјата мора да избегне со Кина да ги повтори грешките што ги направи во односите со Русија во последните години.

Loading...

„Пред сè, треба да научиме од грешките на нашата политика кон Русија во последните децении. Едностраната економска зависност не изложува на политичка уцена. Што се однесува до Русија, таа сега е истурено млеко“, рече таа на форумот за надворешна политика на Фондацијата Коербер во Берлин.

Бербок призна дека Германија ги игнорирала предупредувањата од источноевропските партнери за нејзината зависност од руските енергетски испораки.

Мора да бидеме сигурни дека повеќе нема да направиме таква грешка, а тоа значи дека ќе мораме посериозно да се занимаваме со нашата политика кон Кина“, рече министерот.

Во текот на изминатите две децении, германските влади ги зајакнаа економските врски со Русија, особено во енергетскиот сектор, и покрај протестите од Источна Европа.