Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави денеска дека Америка не треба да верува на „тактиката на одложување“ на рускиот претседател Владимир Путин кога станува збор за прекинот на огнот во Украина.
„На претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, јасно ќе ѝ ставиме до знаење на американската страна дека не треба да се занимаваме со тактиката на застој на Путин“, рече таа во Киев.
Таа истакна дека Путин „се преправа“ дека е подготвен да преговара, „но не мрда ни милиметар од позицијата“ во која се наоѓа, пренесува Ројтерс.
Бербок рече дека сега е уште поважно безусловната поддршка на Украина, бидејќи преговорите меѓу Русија и САД се во „ќорсокак“.
Кремљ во понеделникот соопшти дека Русија и САД работат на идеи за можно мировно решение во Украина и градење билатерални врски, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „гневен“ на Путин.
Во четврток во Брисел се очекува да започне состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, пренесува Танјуг.