Дизел горивата од ноќеска по полноќ ќе се продаваат со пониска цена и тоа за 1,5 денари по литар, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 65, а на ЕУРОСУПЕР БС- 98, 67 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 39 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,319 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 5,636 денари за килограм.
Како причина за намалувањето се наведува пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Овие цени ќе се задржат во следните 14 дена.
Loading...