За три денари по литар од денес во следните две недели ќе се продаваат нафтените деривати во Македонија, според одлуката која вчера ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.
Од денес, Еуросупер БС-95 се продава за 60,00 денари, а Еуросупер БС-98 за 62 денари за литар. Новата цена на Еуродизел (Д-ЕV) е 47 денари за литар гориво.
Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство чија нова цена е 35,5 денари за литар, како и малопродажната цена на мазутот М-1 HC кој сега се продава за 21,947 денари за килограм.
РКЕ одлуката за промена на цената, како што соопштуваат, ја донела врз основа на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар (44,073 долари за барел) и односот на курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели (55,9 денари).