Американецот во редовите на Блокотехна Двејн Бенџамин вечерва ја испровоцира публиката во Спортската сала во Куманово, па остатокот од последната четвртина ја заврши во пресоблекувалните.
Бенџамин се доближи до западната трибина за да изведе шут, а во тој момент публиката започна да скандира како и на секој натпревар. Тоа не му одговараше на Бенџамин па ги испровоцира дополнително да скандираат, а во еден момент имаше и размена на средни прстови, чекор кој го забележа и судиската тројка па Бенџамин заврши првин на клупа, а потоа делегатот на средбата Пиперков одлучи тој да замине во пресоблекувалните.