Белоруски авион принудно слета во Москва

Сподели со своите пријатели

Авионот на белоруската авиокомпанија Белавија, кој летал од Минск кон Анталија, ја смени рутата и слета во Москва, пренесува Спутник, повикувајќи се на услугата Флајт радар.

Loading...

Руските медиуми првично објавија дека авион Боинг 737, кој летал од Минск кон Анталија, испратил повик за помош додека летал над регионот Воронеж, а прунидуно слетување било планирано во Воронеж.

Подоцна се појави информација дека Боинг сè уште лета кон Москва.

Изворот на Спутник од службите за итни случаи бил информиран дека авионот успешно слетал на аеродромот Домодедово.

Според прелиминарните информации, еден од моторите во авионот бил неисправен и се огласил сензорот за притисок.

Според Спутник, на летот имало 207 лица, вклучувајќи го и екипажот.

Leave a Reply