Белоруските власти ги распоредија своите вооружени сили на границата со Украина, оправдувајќи го потегот со тврдењето дека западните сојузници го „зајакнуваат своето воено присуство во регионот“.
Тие испратија порака до Западот дека Белорусија мора да одговори на потегот.
Што ќе значи ако Финска влезе во НАТО: Зошто го сакаат тоа и дали тоа ќе има последици?
Началникот на Генералштабот на белоруските вооружени сили Виктор Гулевич изјави дека Украина испратила околу 20.000 луѓе во близина на границата со Белорусија.
„Групата војници долж нашата граница е повеќе од двојно зголемена во квантитет и квалитет во изминатите шест месеци. Група крстаречки бродови се појавија во водите на Медитеранот и Балтикот, а зголемувањето на воздушните групи во Полска и балтичките земји претставува се поголем закана за Белорусија“, рече тој.
Гулевич рече дека војниците се распоредени во регионот за „да ја гарантираат безбедноста на Република Белорусија“.