Белорусија официјално поднесе барање за приклучување кон Шангајската организација за соработка (ШСО) како полноправна членка.
Здружението е подготвено да ги започне потребните законски процедури, изјави генералниот секретар на ШОС Џанг Минг.
Следниот самит на ШОС ќе се одржи во септември во Самарканд, Узбекистан, пренесува РИА Новости.
ШОС е меѓународна организација основана во 2001 година. Нејзини членки се Индија, Казахстан, Кина, Киргистан, Русија, Таџикистан, Пакистан и Узбекистан.
Земји набљудувачи во ШОС се Авганистан, Белорусија, Иран и Монголија, а земји партнери се Азербејџан, Ерменија, Камбоџа, Непал, Турција и Шри Ланка.
На самитот на ШОС во Душанбе во септември 2021 година, започна процедурата за прием на Иран во организацијата и доделување статус на партнер за дијалог на Египет, Катар и Саудиска Арабија.