Белорусија обезбедила струја за нуклеарната централа Чернобил

Сподели со своите пријатели

Енергетскиот систем во Белорусија обезбеди електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил во Украина, изјави заменик министерот за енергетика на Русија, Евгениј Грабчак.

„Белорускиот енергетски систем обезбеди електрична енергија за нуклеарната централа Чернобил, која е под контрола на руските вооружени сили. Далновод Мозир – нуклеарна централа Чернобил е под напон. Работниците во централата го воспоставија напонот за електраната“, напиша Грабчак на Телеграм каналот на Министерството за енергетика.

 

Киев: Русија намерно ја спречува евакуацијата од Мариупол

 

Вооружените сили на Русија ја контролира територијата околу нуклеарната централа Чернобил, која е конзервирана и нуклеарната централа Запорожје, која е активна.