Белорусија ја засили воздушната одбрана долж својата граница во согласност со наредбата на претседателот Александар Лукашенко, изјави во петокот висок воен претставник.
Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави во петокот дека белоруските вооружени сили не учествуваат и нема да учествуваат во воената операција на Русија во Украина, пренесува Ројтерс.
Блискиот руски сојузник, Лукашенко рече дека денеска телефонски разговарал со претседателот Владимир Путин. Русија ја искористи белоруската територија за да изврши дел од борбените операции на Украина.
На референдумот во Белорусија во неделата беше усвоен нов устав со кој се одобрува нуклеарното оружје на белоруска територија.
РУСКИ ВОЈНИЦИ ВЛЕГЛЕ ВО НИКОЛАЕВ: Борби се водат во делови од градот
САД ржави ги предупредија Русија и Белорусија во четвртокот на Форумот за контрола на оружјето на ОН да не распоредуваат нуклеарно оружје на белоруска територија.