Белорусија го повика Западот да ја прекине политиката на санкции

Сподели со своите пријатели

Белорусија ги повика западните политичари и парламентарци да престанат да водат непромислена и нехумана политика кон Белорусија и нејзиниот народ, соопшти Горниот дом на белорускиот парламент.

Президиумот на Советот на Република посочува дека Западот ја продолжува незаконската, неоснована политика на воведување санкции на суверената држава – Република Белорусија, отворено кршејќи ги хуманистичките норми на сочувство и правда, пренесува РИА Новости.

Во документот се оценува дека западните политичари, како што се наведува, во своите постапки „го изгубиле разумот и чувството за одговорност“.

Меѓусебните односи треба да се градат исклучиво врз основа на еднаков дијалог, доверба и меѓусебно почитување“, се вели во соопштението.