Белгискиот премиер во солзи најави оставка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Белгискиот премиер Александер де Кро најави дека ќе поднесе оставка по лошите резултати на неговата партија на изборите.

Loading...

Оставка најави и лидерот на неговата партија.

Видеата на Де Кроа во солзи набрзо го обиколија светот.

Неуспехот на фламанските либерали е уште позагрижувачки бидејќи е забележан во Источна Фландрија, изборната единица во која Александер де Кро ја претстави својата листа Отворена VLD.

Во говорот пред неговите активисти, Александер де Кро им честиташе на „победниците на овие избори, Н-ВА, Вламс Беланг и Воруит“.

– Им честитам и на нашите пријатели од МР во франкофонска Белгија. Ова е особено тешка вечер за нас, загубивме. Утре поднесувам оставка од премиерската функција. Но, либералите се силни, ние ќе се вратиме – рече де Кро.

 

Loading...