Белгија го отфрли планот замрзнатите руски средства да се користат за финансирање на Украина

Сподели со своите пријатели

Белгија денес отфрли план за замрзнати руски средства што ќе се користат за поддршка на украинската економија и воените активности на земјата во следните две години.

Владата во Брисел ја објасни таквата одлука со фактот дека споменатата шема носи големи финансиски и правни ризици, објави АП.

Се проценува дека буџетските и воените потреби на Украина за 2026 и 2027 година ќе изнесуваат околу 130 милијарди евра, а Европската Унија се обврза да обезбеди значаен дел од овие средства.

Од почетокот на војната во 2022 година, ЕУ веќе инвестираше околу 170 милијарди евра во Украина, а сега најголемиот достапен прилив на пари за овие потреби може да дојде преку користење на замрзнати руски средства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен: ЕУ конечно и засекогаш ја затвора славината за руски гас

Поголемиот дел од тие пари се во Белгија и од јуни изнесуваат околу 194 милијарди евра.

Следната најголема сума руски пари е надвор од Европската Унија, имено во Јапонија (околу 45 милијарди евра), потоа во Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Канада, каде што износот на овие средства е многу помал, според АП.