Белец посвоил дете со афроамериканско потекло, па стана мета на критики

Сподели со своите пријатели

Тиктокерите Стивен и Ешли Еванс решија да одговорат на негативните коментари што ги добиваат од луѓето.

Loading...

Имено, тие двајца посвоиле дете со афро-американско потекло, момче по име Абриел.

Еванс го документираше целиот процес на посвојување на „ТикТок“, а некои во коментарите им рекоа дека сметаат дека не се најдобри родители за Абриел.

„Бидејќи јас сум бел татко на нашиот посвоен син со афроамериканско потекло, луѓето често коментираат и велат дека нема да можеме да го воспитаме да биде силен црнец“, започна тој.

„Ако толку ви пречи, одете да посвоите дете, одете променете нечиј живот. Има толку многу деца од различни возрасти и различни раси на кои им е потребен дом. И ако тоа е нешто што не би го сториле, тогаш повикајте луѓе како мене, покажете љубов и испратете порака во која ќе ми понудите каква било помош, ако ми треба“, продолжи Стивен.

Тој смета дека таквиот гест ќе го промени животот на неговиот син повеќе отколку да му каже дека не може да стори нешто.

„Да се ​​биде негов татко е најдоброто нешто што ми се има случено“, заклучи тој.

Луѓето ја изразија својата поддршка за него, а Ешли Еванс за Дејли Меил изјави дека таа и нејзиниот сопруг се свесни за бојата на кожата на нивниот син, но и дека нивната љубов го надминува тоа и затоа не го сакаат помалку.

Loading...

„Навистина е тажно што некој мисли на тоа. Ние се бориме за еднаквост, а луѓето секогаш се стремат кон спротивното”, рече таа.

Leave a Reply