Белата куќа загрижена поради можноста Иран да ѝ испорача на Русија балистички ракети

Сподели со своите пријатели

Белата куќа изрази загриженост поради можноста Иран да ѝ испорача на Русија балистички ракети кои Москва би ги употребила во војната против Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека Иран веќе ѝ испорачува на Русија беспилотни летала, наведувани ракети и артилериска муниција.

– Загрижени сме поради можноста Иран да размислува за снабдување на Русија со балистички ракети за употреба во Украина. За возврат, Русија му нуди на Техеран одбранбена соработка, вклучувајќи ракети, електроника и противвоздушна одбрана, рече Кирби.

Тој изјави дека Иран сака да купи авиони Су-35, хеликоптери и радари од Русија, пренесува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан го пофали Трамп: Унгарија доби ослободување до санцкиите, руската нафта може да тече