Белата куќа реагираше на најавената ревизија на руската нуклеарна доктрина

Сподели со своите пријатели

Белата куќа ја оцени како „неодговорна“ реториката на Русија за нуклеарното оружје и најавената ревизија на руската нуклеарна доктрина со која се проширува можноста за користење атомско оружје.

Loading...

„Тоа е уште еднаш демонстрација на неодговорната реторика што Русија ја користи веќе две години“, изјави неименуван портпарол на Советот за национална безбедност на САД за Франс прес во Рио де Жанеиро, каде што на дводневниот самит на Групата 20. составен од 19-те најголеми економии во светот, Европската унија и Африканската унија, е во тек.

И британскиот премиер Кир Стармер денеска ја осуди „неодговорната реторика“ на Русија, која „заниша нуклеарна закана“ на 1.000-тиот ден од офанзивата против Украина.

„Неодговорна реторика доаѓа од Русија и тоа нема да не одврати да ја поддржиме Украина“, изјави Стармер за новинарите на маргините на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро.