Белата куќа не негира дека името на Трамп се појавува во досието за случајот Епштајн

Сподели со своите пријатели

Белата куќа не негира дека името на американскиот претседател Доналд Трамп се појавува во документи поврзани со финансиерот Џефри Епштајн, изјави синоќа неименуван функционер од администрацијата на Трамп.

Loading...

Според него, фактот дека името на Трамп се појавува во документите е потврден во информативни документи што беа споделени со влијателни луѓе, објавува Ројтерс.

Белата куќа претходно го отфрли како „лажна вест“ извештајот на Волстрит журнал дека американскиот државен обвинител Пам Бонди го информирала Трамп во мај дека неговото име се појавува во документи поврзани со Епштајн што ги чува Министерството за правда.

Американскиот весник „Волстрит журнал“ претходно вчера објави дека службениците на Министерството за правда на САД, за време на истрагата започната на почетокот на оваа година, откриле дека името на американскиот претседател Доналд Трамп се појавува неколку пати во документацијата за случајот на сексуалниот престапник Џефри Епштајн.

На Трамп му било кажано и дека стотици други имиња се појавуваат во документите, вклучувајќи многу познати личности, според WSJ и потсетува дека фактот што некој е споменат во документите не е знак дека тоа лице извршило нелегално дело.