Бела куќа: Ништо не се крие за здравјето на Бајден и не треба да прави когнитивен тест

Сподели со своите пријатели

Белата куќа соопшти дека не е неопходен когнитивен тест за претседателот на САД, Џозеф Бајден, наведувајќи дека тој сепак може да биде кандидат за реизбор на функцијата.

Loading...

Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, на прес-конференција во вторникот рече дека нема апсолутно ништо скриено за здравјето на Бајден, објави Си-Ен-Ен.

Жан-Пјер, сепак, призна дека Бајден „не поминал одлична ноќ“ за време на телевизиската дебата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

„Решив да патувам низ светот неколку пати непосредно пред дебатата не го слушав мојот персонал и потоа за малку ќе заспиев на сцената“, рече Бајден за последната дебата, за време на една собирање средства за неговата изборна кампања во американската сојузна држава Вирџинија во вторникот вечерта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден денеска на ново интервју: Ќе го подобри ли впечатокот по очајниот настап во дебатата?

Бајден имаше речиси две недели помеѓу неговото враќање од Италија за самитот на Г7 на 15 јуни и дебатата на 27 јуни, според Си-Ен-Ен.

Жан-Пјер повтори дека Бајден бил болен за време на дебатата, наведувајќи дека се уште има настинка.

Демократскиот пратеник од Тексас, Лојд Догет, во вторникот го повика Бајден да се откаже од претседателската трка по телевизиската дебата со Трамп.

Белата куќа во вторникот соопшти дека денеска се очекува Бајден да се сретне со демократските гувернери и лидерите на Конгресот, откако некои од нив побараа средба со претседателот, пренесува Танјуг.

Loading...