Белата куќа ќе испрати соодветен одговор на секој напад врз американската инфраструктура.
Loading...
Ова го соопшти портпаролот на Белата куќа Џон Кирби како одговор на изјава на висок руски функционер на МНР Константин Воронцов, кој рече дека комерцијалните сателити од Америка и нејзините сојузници можат да станат легитимна цел, доколку тие земји решат интервенира во војната во Украина.
Кирби изјави дека овој одговор ќе биде пропорционален на заканата за нивната инфраструктура, пренесе Танјуг.
„Русија е таа што провоцира и создава опасни ситуации со својата агресија во регионот. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина. Бевме многу отворени и искрени за тоа. Ништо нема да се промени во нашиот пристап“, додаде Кирби.