Бела куќа: Испраќањето европски трупи во Гренланд нема да влијае на ставот на Трамп

Сподели со своите пријатели

Белата куќа синоќа објави дека состанокот меѓу американските претставници и високите претставници на Данска и Гренланд бил продуктивен и предупреди дека испраќањето европски трупи во Гренланд нема да влијае на ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за територијата.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција изјави дека разговорите меѓу данските и гренландските министри за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен и Вивијан Мотцфелт, со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио во среда биле „продуктивни“, објави Скај њуз.

Таа додаде дека страните се согласиле да формираат работна група која ќе продолжи да води технички дискусии за „аквизицијата на Гренланд“, според британската телевизија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венецуелската опозиционерка му ја предаде на Трамп својата Нобелова награда за мир

Според нејзините зборови, „тие разговори ќе се одржуваат на секои две до три недели“.

„Но, претседателот го стави својот приоритет многу јасно, тој сака САД да го добијат Гренланд, тој мисли дека тоа е најдобро за националната безбедност“, рече Ливит.

Таа додаде дека испраќањето трупи од европските земји во Гренланд нема да влијае на одлуката на Трамп да ја добие таа територија.

Данските и гренландските власти ги предупредија САД да не го окупираат островот, истакнувајќи дека очекуваат да се почитува нивниот територијален интегритет.

Овој остров беше данска колонија до 1953 година, остана дел од кралството, но во 2009 година доби автономија, што му овозможи да се самоуправува и да ја одредува сопствената внатрешна политика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот министерот за здравство за навиките на Трамп: „Не знам како е сè уште жив“