Млад човек од Киев останал заглавен на вратата од тролејбусот кога им побегнал на контролорите кои сакале да му напишат казна бидејќи немал билет.
Loading...
Според киевскиот оперативен канал Телеграм, инцидентот се случил во тролејбусот на релација 42, кој оди од улицата Пивничка до авенијата Слобода.
Момчето сакал да скокне од возилото во последен момент, но вратата се затворила секунда порано, па раката му останала заглавена.
– Младиот човек брзо побегнал од контролорот бидејќи бил без маска и не го платил билетот по што не забележал дека раката му била заглавена на вратата. Па неможел да избега – се наведува во соопштението.