Бегалец од затвор баран со потерница, приведен во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишник бил приведен ноќва во Куманово откако било утврдено дека е бегалец од затвор, кој бил баран со потерница.

– На 09.10.2025 во 01:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.М. (20) од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил осуден на една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување една година од казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пауновиќ: Куманово ќе продолжи да биде град на културата, талентите и уметноста (ВИДЕО)

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за доиздржување на казната.

Никола Ивановски