Бебињата родени на овој датум имаат најголема шанса за успех

Сподели со своите пријатели

Истражувачите на MyHeritagea истражуваа кога се родени 1.000 престижни добитници на награди за да ги откријат родендените што најверојатно ќе донесат успех.

Loading...

Наградите беа Греми, Оскари, Светски првенства, Мишелинови sвезди, Златен глобус, Пулицерова награда, Нобелова награда, Букерова награда, Златни палми и Олимпијада.

Од 365 дена во годината, 30 април се покажа како ден што носи најмногу победници. Меѓу 1.000 победници или номинирани кандидати за потесен избор, 11 се родени на овој датум, вклучувајќи ја и оскаровката Клорис Личман, една од најпознатите актерки во историјата.

 

 

Други познати sвезди родени на овој ден се раперот Тревис Скот, актерката Гал Гадот и актерката Кирстен Данст.

Вториот датум што најмногу се поврзува со освојување престижни награди е 27 април. Има вкупно осум од 1000 победници и номинирани во потесниот избор. На овој ден се родени пејачката и добитничка на Греми Лизо, како и актерката и добитничка на Златен глобус, Сели Хокинс.

Loading...

Така, април се покажа како најуспешен месец, и 99 добитници на најпрестижните награди се родени овој месец. Ноември го зазеде второто место со 94 победници. Меѓу нив е и добитничката на Оскар и Златен глобус, Ен Хатавеј, како и победничката на Мишелинова звезда, Гордан Ремзи.

 

 

Март беше трет најуспешен месец, со 92 победници. Според ова истражување, февруари е најмалку успешниот месец. Овој месец се родени само 58 победници. Меѓу нив е фудбалерот и освојувач на Светското првенство Кристијано Роналдо како и оскаровецот Даниел Калуја, пишува The Sun.

Месеци и број на добитници на награди

  1. април 99
  2.  ноември 94
  3.  март 92
  4.  септември 90
  5.  јануари 90
  6.  октомври 90
  7.  мај 85
  8.  јули 80
  9.  јуни 75
  10. август 75
  11.  декември, 71
  12.  февруари 58