Во Кина е родено бебе четири години откако родителите му починале во сообраќајна несреќа, јавуваат кинеските медиуми.
Мажот и жената кои загинале во 2013. година заледиле емриони затоа што се надевале дека ќе добијат бебе со вонтелесно оплодување.
Момчето кое е родено во декември на свето го донела сурогат мајка од Лаос, но дневниот весник „Пекинг њуз“ прв пат пишува за овој случај минатата недела.
Венсикот објаснува дека родителите на покојниот пар биле принудени да минат низ вистинско минско поле, пред да добијат дозвола да пронајдат сурогат мајка.
Во моменентот на несреќата ембрионите биле чувани во болница во Нандџинг, замрзнати во течен азот на температура од минус 196 степени.
Судот им дозволил на родителите на починатиот пар да располагаат со оплодени јајце клетки.
Кинеските медиуми пишуваат дека не постоел законски преседат кој би утврдил дека имаат права да наследат замрзнати ембриони на своите деца.
Тие на крајот ги добиле ембрионите, но бргу се појавил нов проблем – ембрионите било можно да ги изнесат од болница само ако постоел доказ дека некоја друга болница има услови да ги складира. Но, поради правни непрецизности кога нетрансплантираните ембриони се во прашање било тешко да се пронајде уште една медицинска установа која би прифатила да се вклучи во овој случај.
Бидејќи сурогат мајчинството е илегално во Кина, единствена можност била зафатот да се изврши во друга земја.
На крајот идните баба и дедо ангажирале агенција која нуди услуги за сурогат мајчинства и го израле Лаос, каде не постои законско ограничување за сурогат бременост.
Бидејќи ниту една авиокомпанија не сакала да прифати мал термос со течен азот, овој терен „багаж“ бил префрлен со кола.
Државјанството на детето исто така ќе претставува проблем, поради тоа што не е роден во Лаос, туку во Кина, каде мајката престојувала со туристичка виза.
Бидејќи родителите не присуствувале на породувањето и не е потврдено потеклото на бебето, бабата и дедото направиле ДНК тест за да утврдат дека нивните деца биле родители наоваа момче и дека е Кинез.